Актуелно Комунални дејности Проекти

Започна проектот преку кои се ангажирани лица со ниски квалификации

Напишано од Ивана Стојанова

Започна проектот за Јавни работи каде Општина Росоман преку Агенцијата за вработување на Република Македонија ангажира 5 лица со ниски квалификации кои ке работат на Заштитата на животната средина, Подобро движење на пешаците на територијата на општина Росоман и Зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот на локалните патишта.

                         

Лицата ангажирани во проектот ќе извршуваат активности во правец нa:

–          Средување на јавните зелени површини

–          Кастрење на вегетацијата

–          Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта

–          Како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации

Повеќе за авторот

Ивана Стојанова

Напиши коментар