Актуелно Дополнителни информации Комунални дејности Настани

СООПШТЕНИЕ – За организирање на јавна презентација и јавна анкета

Напишано од Ивана Стојанова

Врз основа на член 34 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 22, алинеја 12 од Статутот на Општина Росоман, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Росоман за 2016 година со УП1-5 од 25.07.2016 година, од Советот на Општина Росоман, Градоначалникот на Општина Росоман го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по изработување на  урбанистички план за село Росоман- Општина Росоман

 

Граници на опфатот се : Граница на постоечки УПС

Опфатот е со површина од 189,10ха.

Стручна расправа и јавна анкета по изработување  на  урбанистички план за село Росоман – Општина Росоман,  ќе се спроведе со излагање на урбанистичкиот план  во просториите на Општина Росоман.

Јавната анкета трае 5 работни дена, од 26.10.2018 до 01.11.2018 година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.10.2018 година во 10:00 часот во просториите на Општина Росоман (Сала за состаноци).

 

      УП Бр.5/2016                                                                      ОПШТИНА РОСОМАН

      Во Росоман на ден                                                                 ГРАДОНАЧАЛНИК

22.10.2018 год.                                                                                   Бранко Јанев

 

 

 

Повеќе за авторот

Ивана Стојанова

Напиши коментар