Се комплетира реконструкцијата на делот од улицата Пере Тошев во Росоман и се заврши со поставување на хоризонтална сигнализација односно бележување на пешачки премини и бела линија во централниот дел на Росоман во делот кај училиштето и детската градинка. Со овој начин на работа ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот.