Во работна посета на Општината вчера беше Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Проектот се реализира со буџетски средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е да се исчистат идентификуваните диви депонии што се наоѓаат во општина Росоман, собирање на отпадот и носење на една локација, на постоечката депонија која се користи од страна на општината.
Во општина Росоман идентификувани се десет такви диви депонии со илјада триста и дваесет кубни метри отпад кој ќе биде исчистен, истовремено и ќе се санира местото на кое биле дивите депонии.
Според планот за чистење, во општина Росоман се опфатени по две диви депонии во Росоман и населените места Трстеник и Сирково, по една во селата Дебриште, Манастирец, Паликура, Камен дол.