Актуелно Комунални дејности Проекти

Заврши проектот за чистење на дивите депонии

Напишано од општина Росоман

Заврши проектот за чистење на дивите депонии.

Проектот се реализираше со буџетски средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е да се исчистат идентификуваните диви депонии што се наоѓаат во општина Росоман, собирање на отпадот и носење на една локација, на постоечката депонија која се користи од страна ЈПКД Росоман.

Според планот за чистење, во општина Росоман беа опфатени по две диви депонии во Росоман и населените места Трстеник и Сирково, по една во селата Дебриште, Манастирец, Паликура, Камен дол.

Исчистени се дивите депонии во Росоман, Трстеник, Сирково, Манастирец, Камен дол, Паликура и Дебриште.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар