Актуелно Комунални дејности Проекти

Завршена е изградбата на локалниот пат Манастирец – Трстеник

Напишано од Ивана Стојанова

Завршен е проектот за изградба на локалниот пат Манастирец – Трстеник во должина од 2891 метар. Со проектот е опфатено тампонирање и асфалтирање на овој локален пат. Со овој проект значително се подобрува патната инфраструктура на територијата на општина Росоман , а најголем бенефит од проектот ќе имаат жителите на с.Трстеник со што се намалува патувањето до Кавадарци за 15 километри, истотака истиот ќе биде користен од жителите на с.Манастирец, Трстеник и останатите жители кои во овој дел на општина Росоман поседуваат земјоделско обработливо земјиште и гравитираат во овој дел. Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и општина Росоман а е во износ од 20.558.898,00 денари.

Повеќе за авторот

Ивана Стојанова

Напиши коментар