Актуелно Комунални дејности Проекти

Советот на општина Росоман на седницата оддржана на 26.12.2019 година го донесе Урбанистичкиот план за Росоман

Напишано од Ивана Стојанова

Советот на општина Росоман на седницата оддржана на 26.12.2019 година го донесе Урбанистичкиот план за с. Росоман, со што после 5 години се заврши изработката на овој Урбанистички план. Планот во моментов е испратен на поклопување во Катастар и во најбрз можен рок на жителите од Росоман ќе им биде олеснет начинот за издавање на градежни дозволи. Придобивките од новиот урбанистички план се посебно значајни, затоа што ќе се овозможи побрз и поквалитетен економски развој на Росоман.

Повеќе за авторот

Ивана Стојанова

Напиши коментар