Актуелно Дополнителни информации Огласи

ЈАВЕН ПОВИК – за пријавување на штети на земјоделските насади од атмосферска непогода – мраз и слана

Напишано од општина Росоман

Општина Росоман ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од атмосферската непогода – мраз и слана која ја зафати територијата на општина Росоман во деновите 17,18,19 и 20 Март 2020 година и 15 и 16 Април 2020 година да ја пријават штетата на своите насади по електронски пат на opstrosoman@yahoo.com.

 

Документи во прилог:

1. Барање за пријавување на штета (превземете од www.opstinarosoman.gov.mk)

2. Лична карта со Изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, трансакциона сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите( Решение за запишување на земјоделското стопанство во Единствениот регистер на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, имотен лист или договор за закуп заверен на нотар)

*Пријавувањето на штетите може да се изврши само по електронски пат во периодот од 20.05.2020 до 27.05.2020

За дополнителни информации може да се обратите на 070 324 630

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар