Актуелно Дополнителни информации Настани Огласи

ЈАВЕН ПОВИК – за пријавување на штети на земјоделските насади од атмосферска непогода – град

Напишано од општина Росоман

Врз основа на член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа(“Службен весник на РМ” бр 5/02) и член 22 алинеја 12 од Статутот на општина Росоман (“Службен гласник на општина Росоман” бр.7/06), Градоначалникот на општина Росоман, објавува

  Ј А В Е Н     П О В И К

за пријавување на штети на земјоделски насади од атмосферска непогода – град

           

Општина Росоман ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општина Росоман во деновите: 10-ти и 11-ти Јуни 2020 да ја пријават штетата на своите насади по електронски пат на opstrosoman@yahoo.com.

  1. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади се превзема од веб страната на општина Росоман https://opstinarosoman.gov.mk/  и пополнето со бараните податоци се доставува до opstrosoman@yahoo.com.
  2. Покрај барањето секој барател треба да достави:
  • лична карта со Изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; Имотен лист; Договор за закуп заверен на нотар )
  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши само по електронски пат во периодот од 16.06.2020 година до 23.06.2020 година.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 070 324 630.

 

 

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар