Актуелно Дополнителни информации Огласи

Анкетен прашалник за утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Росоман за 2021 година

Напишано од општина Росоман

Општина Росоман согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законост за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2021 година.

Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои жителите ќе можете да партиципираат во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Росоман за 2021 година.

Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути.

Прашалникот можете да го испратите на email: opstrosoman@yahoo.com

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар