НАСЕЛБИ И НАСЕЛЕНОСТ ВО ОПШТИНА РОСОМАН

    mestopolozba na opstina rosoman

    Општината се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570м.

    Во нив живеат 4.141 жител, од кои 3.694(89%) се Македонци, 409 (10%) се Срби итн. Густината на населеност изнесува 31 жител на еден km , со што се вбројува во ретко населените во државата. За разлика од 1994 год., бројот на жителите е намален за 259 (5,9%).

    Вкупниот број на домаќинства е 1,284. Односно во секое домаќинство живат по 3,2 жители. Вкупниот број на станови е 1663, односно во секој стан живеат по 2,5 житела. Во двата случаи тие се под просекот за државата. Во централната населба Росоман живеат 2554 жители, односно близу 62% од вкупното население во општината.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • img
  • img
  • img
  • img
  • img
  • img