Аграр

Општина Росоман е дел од деветте општини кои го формираат Вардарски плански регион. Од вкупната територија, односно 13.290 хектари, Општина Росоман зафаќа површина од 3.406 хектари земјоделско земјиште. Земјоделското обработливо земјиште во општина Росоман е со површина од 3.276 хектари. Најчесто застапени земјоделски култури во општина Росоман се Овоштарници со 364 хектари, Лозарство со 944 хектари и Ораници и бавчи со 1.968 хектари.