Градоначалник

Ѓорѓи Крстевски е роден на 5 март 1989 година. Оженет е и татко на едно дете. Дипломиран е машински инженер и магистер по индустриски менаџмент. Својата професионална кариера ја започнува во Општина Росоман во 2011 година, каде што во текот на повеќе од една деценија работи во Одделението за локален економски развој. Во овој период активно учествува во подготовка и реализација на бројни проекти од областа на инфраструктурата, земјоделието и одржливиот локален развој. Во периодот од 2022 до 2024 година, Крстевски е ангажиран во Општина Неготино како советник во Одделението за локален економски развој, каде продолжува со стручна работа и имплементација на развојни програми. Од 2024 до 2025 година е дел од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Христијан Мицкоски, каде што ја извршува функцијата Советник за локална самоуправа. Во оваа улога активно придонесува во креирањето на политики и мерки за унапредување на работата на општините и зајакнување на локалната демократија. Во ноември 2025 година, Ѓорѓи Крстевски е избран за градоначалник на Општина Росоман. Како градоначалник, неговата визија е транспарентна, современа и одговорна локална самоуправа што ќе биде во служба на граѓаните, со фокус на: унапредување на инфраструктурата, поддршка на земјоделците, развој на младите, зачувување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места. Со својата енергија, професионално искуство и посветеност, Ѓорѓи Крстевски ја води Општина Росоман со јасна цел – развој, чесност и напредок за сите граѓани.🇲🇰