Актуелно Дополнителни информации Настани Огласи

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА РОСОМАН

Напишано од општина Росоман

Врз основа на член  36-а и 36-б од Статутот на општина Росоман („Службен гласник бр.7/06 “) Советот на општина Росоман, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА РОСОМАН

  1. Се покренува постапка за избор на членови на Совет на млади на Општина Росоман.

Советот на млади на Општина Росоман е советодавно тело на општината со цел младите активно да се вклучат во јавниот живот на општината.

Во советот на млади на Општина Росоман како член може да биде избрано само лице со постојано живеалиште на територијата на Општина Росоман, со почитување на старосната граница 18 до 30 годишна возраст.

  1. Советот на млади на Општина Росоман брои 5 (пет) члена, од кои редови се избрани претседателот и заменик претседателот.

Членовите на советот на млади на Општина Росоман се  бираат со мандат од 4 (четири) години.

  1. Право на предлагање на кандидати за членови во Совет на млади на Општина Росоман имаат: невладини организации, претставници од младински организации, политички подмладоци, средношколци, студенти и други регистрирани облици на млади.
  2. При предлагање на кандидатите за членови на Советот на млади на Општина Росоман се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :
  • СМ-1 – ( Образец – Предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Росоман ) ;
  • СМ-2 – ( Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот ) ;
  • СМ-3 – ( Образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата.

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

  1. Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:
  • Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична канига на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта) ;
  • Кратка биографија на кандидатот ;
  • Фотокопија од регистрација на здружението.

Ненавременото доставување на документите или поднесување на нецелосна документација нема да биде разгледувано.

  1. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Општина Росоман изнесува 15 дена од објавувањето на овој јавен повик.

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во Локална самоуправа Росоман, кај лицето Анастасија Петровска.

Предлозите за кандидати за членови на Совет на млади на Општина Росоман, со назнака „Предлог кандидат за избор на член на Совет на млади на Општина Росоман“, се доставуваат на следната адреса:

 

Општина Росоман

Ул.„Пролетерска“ бр.1а

 

 

                                                                                                                                                                                                              СОВЕТ НА ОПШТИНА РОСОМАН

                                                                                                                                                                                                                               ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                                                                                                                                                                                  Ристо Јошев

 

 

   

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар