Актуелно Настани

Недела на детето!

Напишано од Ивана Стојанова

Денеска децата од прво одделение од основното училиште Пере Тошев, по повод Недела на детето, дојдоа во посета на кабинетот на градоначалникот на општина Росоман-Стојан Николов, да се запознаат со работата на градоначалникот и локалната самоуправа.
Секоја година, првата седмица од месец Октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела.
Детската недела го слави правото на децата да уживата во детството. Исто така тоа е време во кое децата може да ги престават своите таленти, вештини и способности. Илјадници деца и нивните фамилии низ целиот свет се вклучени во активности и настани за време на оваа Недела преку учеството на училиштата, градинките, културните групи, библиотеките и заедницата. За развивање на овие концепти низ светот беше задолжен УНИЦЕФ, каде што со ова се промовираат идеалите и целите на Конвенцијата за Правата на детето, што се состои од 54 члена, поставени за почитување на личноста на детето без разлика на расата, бојата, полот, јазикот, религијата, мислењата.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.

“Сите деца имаат право на игра и на живот во добра и здрава околина.”

 

Повеќе за авторот

Ивана Стојанова

Напиши коментар