
Александар Стојанов - роден во Кавадарци 01.12.1988, а живее во село Трстеник, Општина Росоман родител е на две деца.
Својата професионална кариера ја започнува во АД Водостопанство „Тиквеш“, каде стекнува значајно искуство во управување со ресурси. Со својата посветеност и стручност, успешно раководи со ХМС „Тиквеш“, покажувајќи лидерски способности, одговорност и организираност во работата.
На 01.12.2025 година е назначен за вршител на должност директор на ЈПКД Росоман од страна на Општина Росоман. На оваа позиција се залага за унапредување на комуналните услуги, подобрување на инфраструктурата и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните во општината.
Неговата визија е модерна, функционална и чиста општина, со подобри услови за живот за сите граѓани.