Аграр и производство
Општина Росоман е дел од деветте општини кои го формираат Вардарски плански регион. Од вкупната територија, односно 13.290 хектари, Општина Росоман зафаќа површина од 3.406 хектари земјоделско земјиште.
Земјоделското обработливо земјиште во општина Росоман е со површина од 3.276 хектари.
Најчесто застапени земјоделски култури во општина Росоман се:
Овоштарници – 364 хектари
Лозарство – 944 хектари
Ораници и бавчи – 1.968 хектари