EN
MK

Населби и населеност

Рурален развој и населени места

Карактеристично за сите селски населби во Општина Росоман е земјоделско-сточарската функција која ја задржале од минатото до денес. Поради миграцијата од селата кон градовите, дел од населбите забележале намалување на бројот на населението, само две се пред целосно раселување, додека неколку од нив го задржале и зголемиле бројот на населението, како што се селата Манастирец и Росоман.

Главен индикатор за ваквите позитивни трендови се промените во процесот на аграрно стопанисување, релативно поволната местоположба и плодната почва.

 

Туризам и потенцијали

Од туристички аспект, населбите во Општина Росоман имаат потенцијал за развој на повеќе алтернативни форми на туризам, особено во рамки на руралниот туризам.

Со оглед на тоа што доминира земјоделското производство, постои значителен потенцијал за развој на агротуризам, со посебен акцент на винскиот туризам како водечка форма во тиквешкиот регион.

Транзитната функција на селата Росоман, Манастирец, Паликура и Трстеник, кои се наоѓаат во близина на регионалниот пат Р-106 (врска со автопатот Е-75), претставува одлична основа за развој на туризмот.

Дополнително, излетничко-рекреативниот потенцијал на руралниот простор создава услови за развој на рекреативен туризам.

 

Населени места
  • Росоман
  • Сирково
  • Манастирец
  • Паликура
  • Трстеник
  • Камен Дол
  • Дебриште
  • Рибарци
  • Крушевица
  • Мрзен Ораовец

Мени за пристапност