EN
MK

ООУ Пере Тошев

Трајанка Ризова

ТРАЈАНКА РИЗОВА

Директор на ООУ „Пере Тошев“ – Росоман

Трајанка Ризова е родена на 3 јануари 1982 година. Дипломиран професор е по одделенска настава и дипломиран професор по предучилишно образование, со завршени два факултети во областа на воспитно-образовната дејност.

Со повеќе од 15 години работно искуство во образованието, својата кариера ја гради како посветен и одговорен наставник, кој континуирано вложува во професионален развој и унапредување на наставниот процес.

Како сопруга и родител, своето животно искуство го преточува во поголемо разбирање, грижа и поддршка кон учениците и нивниот развој. Во текот на своето работење учествувала на бројни обуки, проекти и активности насочени кон подобрување на квалитетот на наставата и создавање позитивна училишна клима.

Во одреден период беше член на Советот на Општина Росоман, каде даде свој придонес во работата на локалната самоуправа. Тоа искуство претставува значаен дел од нејзиниот професионален развој, но својата вистинска определба ја пронаоѓа во образованието и раководењето со училиштето.

Како директор, се залага за современо, инклузивно и мотивирачко училиште, во кое учениците ќе учат со радост, наставниците ќе работат со инспирација и поддршка, а училиштето ќе биде отворено кон заедницата и насочено кон создавање успешни генерации.

Документи на ООУ „Пере Тошев“

Мени за пристапност