Проектот „Граѓанинот на прво место“ има за цел унапредување на транспарентноста на единиците на локалната самоуправа преку воспоставување јасни стандарди за отворени податоци на локално ниво. Со тоа се овозможува поголемо и поефикасно вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата на општините и во процесите на донесување одлуки. Проектот предвидува утврдување на општи и детални насоки за начинот на објавување на отворени податоци, како и дефинирање на потребните технички и организациски мерки од страна на локалните самоуправи.