EN
MK

Асфалтирање на крак од улицата „Гоце Делчев“ во Росоман

Асфалтирање на крак од улицата „Гоце Делчев“ во Росоман
Денес се асфалтира крак од улицата „Гоце Делчев“, како дел од проектот за одводнување на бавчите во Росоман, со што се решава долгогодишен проблем на овој дел од населбата.
Проектот е финансиран од Владата на Република Македонија преку Министерството за животна средина, а кофинансиран од страна на Општина Росоман.
Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за жителите, заштита од поплавување и унапредување на локалната инфраструктура.
Продолжуваме со конкретни проекти и реални решенија за Росоман!

Мени за пристапност