EN
MK

Денес во Општина Росоман ни гостуваа учениците од IV одделение од ООУ ,,Пере Тошев" - Росоман

Денес во Општина Росоман ни гостуваа учениците од IV одделение од ООУ ,,Пере Тошев" - Росоман

Денес во Општина Росоман ни гостуваа учениците од IV одделение од ООУ „Пере Тошев“ – Росоман.

 

Градоначалникот Ѓорѓи Крстевски им посака добредојде и ги запозна најмладите со функционирањето на локалната самоуправа, улогата на градоначалникот и Советот, како и со општинските одделенија преку кои секојдневно се реализираат проектите и услугите за граѓаните.

Во опуштена и позитивна атмосфера разменивме прашања и идеи за поубаво Росоман.

Благодарност до учениците и наставниците за посетата, прекрасната енергија, како и за рачната изработка на грбот и знамето на општината!

Мени за пристапност