EN
MK

Нови контејнери за почиста и поуредна Општина Росоман

Нови контејнери за почиста и поуредна Општина Росоман

НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ПОЧИСТА И ПОУРЕДНА ОПШТИНА РОСОМАН!

Денес пристигнаа нови метални контејнери за отпад со зафатнина од 1,1 м³**, наменети за потребите на Јавното комунално претпријатие – Росоман.

Набавката е реализирана согласно спроведена постапка за јавна набавка од страна на Општина Росоман.

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, со кофинансирање од Буџетот на Општина Росоман.

Со оваа инвестиција продолжуваме со подобрување на условите за работа на комуналното претпријатие, зголемување на капацитетите за собирање отпад и унапредување на комуналната хигиена.

Нашата цел е јасна –почиста, поуредна и пофункционална Општина Росоман, со подобри комунални услуги за сите граѓани.

Продолжуваме со конкретни инвестиции во комуналната инфраструктура – за поубаво Росоман!

Мени за пристапност