EN
MK

Почитувани сограѓани и земјоделци, исплата од Мраз и Град за 2024/25

Почитувани сограѓани и земјоделци, исплата од Мраз и Град за 2024/25
На сметката на Општина Росоман, од страна на Владата на Република Македонија, а по Одлука бр. 50-11163/3 од 17.12.2025 година, за штети од мраз (2025 година) и штети од град (2024 година), се префрлени средства во износ од:
💰 24.125.370,00 денари
(односно 392.282 евра)
Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети.
По целосна обработка и комплетирање на документацијата, средствата ќе бидат исплатени на оштетените земјоделци во најкраток можен рок.
Општина Росоман продолжува со поддршка на земјоделците и заштита на нивниот труд.

Мени за пристапност