EN
MK

Регионалната јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021-2040

Регионалната јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021-2040

📢 ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-ПРОСТОРНИОТ ПЛАН 2021–2040

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека на 29.09.2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Велес, ќе се одржи регионална јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021–2040 за Вардарскиот плански регион.

📍 На јавната расправа ќе бидат претставени Нацрт-просторниот план и предложените плански решенија, а присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања, да изнесат мислења, забелешки и предлози.

🤝 Јавната расправа се организира од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, институции, јавни претпријатија, установи, деловни субјекти, научни и стручни институции и граѓански организации да земат активно учество во јавната расправа.

#ОпштинаРосоман #ВардарскиРегион #ЈавнаРасправа #ПросторенПлан #Росоман

Мени за пристапност