EN
MK

ЈАВНА ПОКАНА

ЈАВНА ПОКАНА

ЈАВНА ПОКАНА

До сите граѓани на Општина Росоман

Општина Росоман ги поканува сите заинтересирани граѓани, претставници на месните заедници, граѓанските организации, јавните институции, бизнис секторот, младите, жените, лицата од ранливи категории и сите останати заинтересирани страни, да земат активно учество во Форумите во заедницата, кои се реализираат во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 23 јули 2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во Мала сала во ООУ „Пере Тошев“ Росоман.

Форумите во заедницата претставуваат партиципативен процес преку кој граѓаните ќе имаат можност да предлагаат идеи, активно да учествуваат во нивното разработување и, преку јавни консултации, заеднички да изберат еден проект што ќе придонесе за развојот и подобрувањето на квалитетот на живот во Општина Росоман.

Главна тема на форумскиот процес е социјалната инклузија, во чии рамки ќе можат да се предлагаат и разгледуваат проекти од повеќе области од јавен интерес, согласно целите на програмата. Предност ќе имаат проекти што обезбедуваат поголемо социјално влијание, создаваат еднакви можности, поттикнуваат партнерство помеѓу граѓаните, организациите и институциите и се одржливи и по завршувањето на нивното финансирање.

Затоа јавно ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во форумскиот процес и со своите идеи, предлози и активно учество да придонесат во креирањето на проекти што ќе одговорат на реалните потреби на Општина Росоман. Вашето мислење е важно, а вашето учество е клучно за создавање подобра и поинклузивна локална заедница.

Еден од проектите што ќе бидат предложени и избрани од граѓаните ќе може да биде финансиран со средства од фонд во износ до 15.000 американски долари (USD), обезбедени во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

За реализацијата на избраниот проект, Општина Росоман ќе обезбеди кофинансирање во висина од најмалку 20% од вкупната вредност на проектот, согласно правилата на програмата.

Градоначалник на Општина Росоман
Ѓорѓи Крстевски


Програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Мени за пристапност