EN
MK

Аташе Харолд Фугер во посета на Росоман

 Аташе Харолд Фугер во посета на Росоман
Денес градоначалникот оствари средба со Харолд Фугер, аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика при Австриската амбасада во Република Македонија.
На средбата се разговараше за теми од областа на социјалната заштита, како и за можностите за идна соработка и заеднички проекти.
Отворивме повеќе прашања кои ги засегаат жителите на Општина Росоман и разменивме искуства со цел унапредување на услугите и поддршката за граѓаните.
Продолжуваме со градење партнерства кои носат конкретни придобивки за општината.

Мени за пристапност