За прв пат во Општина Росоман се организираше Бадникова поворка, на која децата сложно и со радост ја понесоа Божиќната порака, носејќи светлина, песна и духовна топлина до секое срце. Во организација на Општина Росоман и КУД Росоман, оваа убава традиција ќе продолжи и во наредните години, со цел да ги негуваме верата, традицијата и заедништвото како трајни вредности на нашата заедница. Воедно, Општина Росоман обезбеди новогодишни пакетчиња за сите учесници во поворката, како мал знак на внимание и радост за најмладите. Нека Божиќната радост продолжи да нè обединува.