По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, Ве известуваме дека фрлањето на Светиот крст ќе се одржи на две локации во Општина Росоман на 19.01.2026 година:
10:30 часот – во село Трстеник
12:00 часот – централната манифестација во Росоман, во водите на Црна Река
Општина Росоман, заедно со претставници од Канцеларијата на Претседателот на Владата, обезбеди подароци за среќните фаќачи на Светиот крст.
Ве покануваме сите заедно да го одбележиме овој голем празник во духот на верата, заедништвото и традицијата.