EN
MK

Општина Росоман добитник на „Ознака за општинска извонредност“ на завршниот настан на проектот „ЕУ за Општините“

Општина Росоман добитник на „Ознака за општинска извонредност“ на завршниот настан на проектот „ЕУ за Општините“

Општина Општина Росоман на шест години континуирана поддршка од Европската Унија за општините, преку програмата „ЕУ за Општините“, во кој период беа постигнати значајни резултати во зајакнувањето на институционалните капацитети, унапредувањето на локалните услуги и продлабочувањето на меѓуопштинската соработка на национално ниво.

Во рамки на настанот, „Ознаката за општинска извонредност“ беше доделена на околу 20 општини и плански региони како признание за нивните исклучителни резултати во рамки на програмата. Оценувањето беше спроведено преку структуриран и сеопфатен процес кој опфаќа десет категории поврзани со управувањето со општините, испораката на јавни услуги и институционалниот развој.

Ова признание претставува уште една потврда за посветената работа на локалната самоуправа и за напорите што Општина Росоман ги вложува во насока на транспарентно, ефикасно и современо управување.

 

Општина Росоман продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните и на локалниот развој.

Мени за пристапност