Денес, по повод 4 Мај – патрониот празник на ООУ „Пере Тошев“, градоначалникот Ѓорѓи Крстевски положи свежо цвеќе во негова чест.
Пере Тошев претставува една од најзначајните личности во македонската историја – револуционер и борец за слобода, кој целиот свој живот го посвети на идејата за самостојност и достоинство на македонскиот народ.
Со оддавањето почит кон неговото дело, ја негуваме историската меморија и ги пренесуваме вредностите на пожртвуваност, храброст и љубов кон татковината на идните генерации.
Нека е честит патрониот празник!
#ОпштинаРосоман