ПО ПОВЕЌЕ ОД 40 ГОДИНИ , НОВ ЛИК ЗА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА
Започна реконструкцијата на фасадата на зградата во која е сместена Општина Росоман, објект кој воедно претставува и станбена и деловна зграда.
По повеќе од 40 години од нејзината изградба, зградата конечно ќе добие нова, современа и уредена фасада, со што значително ќе се подобри изгледот на централното подрачје на Росоман.
Со оваа инвестиција не само што го обновуваме изгледот на еден од најпрепознатливите објекти во центарот, туку придонесуваме и за подобрување на условите за сите корисници на зградата.