Општина Росоман Ве поканува да бидете дел од Третата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, која ќе се одржи на 16.09.2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во малата сала на ООУ „Пере Тошев“ Росоман.
Во рамки на оваа сесија ќе се презентираат предлог-проектите кои беа предложени на изминатите форумски сесии. Воедно ќе бидат претставени критериумите за избор на проекти, ќе се направи преглед на досегашната работа и ќе се разговара за следните чекори во процесот.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и значително ќе придонесе за успешна реализација на форумската сесија и избор на проекти од интерес за Вашата заедница.
📄 Документи
📑
Покана за Трета форумска сесија
Официјална покана (PDF документ)
🗂️
Агенда
Агенда за форумската сесија (PDF документ)