EN
MK

Одржана е третата форумска сесија

Одржана е третата форумска сесија

Денес се одржува третата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и УНДП.

На денешната сесија се презентираат и дискутираат пет предложени концепти за проекти, а граѓаните преку форумот директно учествуваат во нивното разгледување, дополнување и утврдување на приоритетите.

По презентацијата на критериумите и предложените концепти, ќе продолжи работата во работни групи за понатамошно развивање на предлог-проектите.

Ова е уште еден пример дека сакаме граѓаните да бидат директно вклучени во носењето одлуки за развојот на Општина Росоман и за тоа каде треба да се насочуваат средствата.

Проектот кој низ форумскиот процес ќе биде избран како приоритетен ќе добие донаторска поддршка во висина од 15.000 американски долари, со кофинансирање од Општина Росоман.

Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите – заедно го градиме Росоман.

Мени за пристапност