Интензивно се работи на поставување на атмосферската канализација на улиците 40, 41, 42 и 43.
Во тек е поставување на атмосферската канализациона мрежа во вкупна должина од 965 метри, со вградување на ПВЦ цевки Ø1000, со што трајно ќе се реши одведувањето на атмосферските води на оваа локација.
Паралелно со изградбата, продолжуваат сите предвидени инфраструктурни активности кои ќе овозможат комплетно уредување на овој дел од населбата.
Продолжуваме со силна динамика и реализација на капитални инфраструктурни проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните на Општина Росоман.