Општина Росоман ги информира граѓаните и сите заинтересирани учесници дека на 20 Август 2026 година (петок) ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2”.
📍 Место: ООУ "Пере Тошев”, Општина Росоман
🕛 Почеток: 19:00 часот
На втората форумска сесија ќе се направи преглед на работата од првата сесија и активностите реализирани во периодот меѓу двете сесии. Ќе бидат презентирани критериумите за избор на проекти, како и предложените проектни концепти развиени од работните групи.
Во рамките на сесијата ќе се разговара за предложените концепти, ќе се разгледа нивното прифаќање од страна на форумот и ќе продолжи работата на работните групи за развивање на предлог-проектите.
Учесниците ќе бидат запознаени и со форматот за подготовка на предлог-проект, а ќе биде определен и терминот за следната форумска сесија.
Ве покануваме да бидете дел од процесот во кој преку заеднички идеи, дискусија и активно учество се креираат решенија за подобра и поинклузивна локална заедница.
Дневен ред на форумот
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Министерство за локална самоуправа
UNDPMK