EN
MK

Вонредна седница за природна непогода од мраз

Вонредна седница за природна непогода од мраз

Денес се одржа вонредна седница на Советот на Општина Росоман, на која беа донесени повеќе одлуки поврзани со последиците од природната непогода – мраз врз земјоделските насади.

Советот донесе:

Одлука за преземање мерки за проценка и утврдување на настанатите штети на земјоделските насади;

Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата;

Одлука за утврдување на надоместокот на претседателот и членовите на Комисијата.

Во наредниот период, Општина Росоман ќе објави јавен повик за пријавување на штети на земјоделските насади.

Мени за пристапност