Зимската служба на ЈПКД Росоман утрово е на терен.
За прв пат оваа година, надлежностите за зимско одржување на локалните улици и патишта се префрлени на Јавното претпријатие за комунални дејности Росоман, со што се обезбедува побрза, поефикасна и поорганизирана реакција на терен.
ЈПКД Росоман е целосно подготвено со механизација и човечки ресурси за навремено постапување и обезбедување безбедно сообраќање во зимски услови.
Продолжуваме со системски решенија и подобри комунални услуги за граѓаните на Општина Росоман.