EN
MK

Богојавление 2026 – Водици

Богојавление 2026 – Водици
Почитувани сограѓани,
По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, од срце ви упатуваме искрени честитки со желби за многу здравје, мир, благосостојба и духовна сила во вашите домови и семејства.
Богојавление е празник кој нè потсетува на верата, чистотата, надежта и обновата, на потребата од меѓусебна почит, солидарност и заедништво. Нека осветените води донесат благослов, спокој и сила да ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме, како поединци и како заедница.
Овој празник е и симбол на единството и традицијата кои нè поврзуваат и нè обединуваат, потсетувајќи нè дека само заедно, со чесност и одговорност, можеме да градиме подобра иднина за нашата општина и за идните генерации.
Нека Светлината на Богојавление внесе радост во секој дом, а новата година нека биде исполнета со добри дела, разбирање и напредок.
На сите кои ќе учествуваат во фрлањето на Светиот крст им посакуваме храброст и благослов, а на сите граѓани – среќни и благословени Водици.
Нека е за многу години!

Мени за пристапност